Овие колачиња се неопходни за правилно функционирање на основните функции на веб-страницата како навигација, онлајн купување, наплата, оптимизација на содржината и сл. Тие се најчесто поставени како одговор на одредена интеракција која ја имате со веб-страницата, како што се прилагодувањата за Поставки на колачиња, најава или пополнување на електронски форми. Овие колачиња не содржат никакви лични информации и не може да се исклучат со овие поставки. Повеќе опции во врска со користење на колачиња може да прилагодите во Вашиот интернет пребарувач со цел тој да ги блокира или да Ве известува за овие колачиња, при што некои делови од веб-страницата нема правилно да функционираат.
Тандем
Nothing Found
No tariffs are available for the selected loyalty period, please choose another loyalty option.
Тандем тарифите се со активирана е-сметка.
Со договор за Доверба 12 следи повластена месечна претплата во период од 12 месеци без набавка на уред. За повеќе детали прочитајте
Често поставувани прашања
Tандем тарифи
Што e Тандем тарифа и што добивам со неа?
Тандем се постпeјд тарифни модели кои важат само за вработените во Македонски Телеком. Со Тандем тарифите добивате неограничени разговори и SMS пораки кон сите домашни мрежи, многу повеќе мобилен интернет, избор на мобилни телефони, таблети и други уреди по повластена цена во Доверба 24.
Кои услови треба да ги исполнам за да нарачам нов број во Тандем тарифа?
За да можете да нарачате број во Тандем тарифа потребно е дa сте вработени во Македонски Телеком. Секој вработен, вклучувајќи ги и вработените ангажирани преку Агенција за привремени вработувања, има право да одбере максимум 4 линии од Тандем портфолиото.
Дали морам да потпишам договор за Тандем тарифата и колку време трае Договорот?
За да добиете нова Тандем линија потребно е да потпишете Договор за засновање претплатнички однос, кој се склучува на неопределено време.
Како можам онлајн да станам корисник на Тандем тарифа?
Најпрво пристапете до Телеком онлајн продавницата, потоа одберете ја категоријата „Тарифи“ и од паѓачкото мени одберете ја поткатегоријата „Тандем“. Од страницата за тарифи од 3-те опции (Тандем S, Тандем M и Тандем L) одберете ја тарифата којашто најмногу одговара на Вашите потреби и кликнете на копчето „Купете само тарифа“. На следниот екран ќе го видите Вашиот избор и доколку сакате да го потврдите, кликнете на копчето „Продолжи“. Следен чекор е да се најавите со вашиот Мој Телеком профил, или доколку сте нов корисник, да одберете да продолжите без најава и да кликнете на копчето „Продолжи“. Пополнете ги Вашите лични податоци и одберете го бројот што најмногу Ви се допаѓа. Потврдете и продолжете кон плаќање. По наплатата ќе добиете потврда на вашата е-адреса.
Што е Доверба 24?
Доверба 24 e договор за лојалност за корисниците на мобилни и интегрирани услуги на Македонски Телеком. Нуди повластени цени за купување мобилни телефони, таблети и други уреди за секоја мобилна линија поединечно во најсоодветната мобилна тарифа за Вас. Доверба 24 предвидува склучување договор во времетраење од 24 месеци за користење на мобилните услуги.
Колку време трае Доверба 24?
Договорот за Доверба 24 е со времетрање од 24 месеци, започнува од моментот на купување на уредот по повластена цена.